ОТВОРЕНО ПОН-НЕД. од 9:00 до 21:00
БРЗ КОНТАКТ ++ 389 78 223 231
Е-МАИЛ panevski_2001@yahoo.com

РАБОТИЛНИЦА

Хартијата ја изработуваме потполно автентично на начин и постапка како во 2 век п.н.е, во Кина . Оригиналноста на овој метод на хaртија и дава посебна уникатност и вредност.

За печатење ја користиме Гутенберговата преса.

Оваа преса преставува посебен раритет и е автентична копија на оригиналната која се наоѓа во музејот во Мајнц – Германија. Функционира на истиот принцип . Го имаме и автентичниот сет на оловни букви со кои е направено првото печатење во 1452 год. Показно, за нашите гости, користиме клишеа  со  мотиви од Охрид и од нашата историја. Клишеата можат да бидат од цинк, месинг или полимер. Пресата е изработена во 1937 год во Австрија и е една од двете во Европа заедно со онаа на Блед во Словенија.

Опремата и облеката кои ги користиме се автентични на опремата и облеката кои се користени во 16 век.