ОТВОРЕНО ПОН-САБ. од 8:30 до 21:00 ; НЕД. од 09:00 до 16:00
БРЗ КОНТАКТ ++ 389 78 223 231
Е-МАИЛ panevski_2001@yahoo.com contact@ohridhandmadepaper.mk panevski@ohridhandmadepaper.mk

ПОСТАПКА

Постапката се карактеризира со вертикално делкање на срцевината на дрвото на најситни влакненца, под одреден агол.Аголот на делкање го определуваат годовите на староста на дрвото и е различит кај секое дрво.Индивидуално се определува.Само под тој агол изделканите влакненца,потопени во вода,после одреден временски период,потполно природно се врзуваат меѓу себе .Периодот на стоење на честичките во вода (инкубација) зависи од видот на дрвото,неговата цврстина и обично трае од 23-31 ден.     Меѓусебното врзување на честичките-влакненцата е идентично на начинот на кој осата ги врзува честичките во своето осило.

Затоа и овој метод го добил името , метод на гнездо на осата . Значи потполно е природен , без користење на никакви хемикалии, лепила и слични додатоци.. За декорација користиме природни бои. Овие бои се добиени со екстракција на цвекиња и лисја или земјани бои.

Во зависност од намената на хартијата,при нејзината изработка користиме и соодветен процент на природен памук. Додаваме и најразличити природни додатоци: разни видови на цвекенца, ливчиња, чај, тутун, кафе, какао, оригано, магданос, ловоров лист, влакненца од свила од пченка ,конопни влакненца,сламки од жито,оризови лушпи,борови иглички и др.

За изработка користиме дрвени сита со метална мрежа(во неколку различити големини). Опремата  која ја користиме е  оригинална и  целосно е изработена од дрво.Се состои од корито за пулпа,работна маса,преса за цедење и преса за рамнење на хартијата