ОТВОРЕНО ПОН-САБ. од 8:30 до 21:00 ; НЕД. од 09:00 до 16:00
БРЗ КОНТАКТ ++ 389 78 223 231
Е-МАИЛ panevski_2001@yahoo.com contact@ohridhandmadepaper.mk panevski@ohridhandmadepaper.mk

ЗА НАС

Традицијата на изработка на хартија во Македонија започнува во втората половина на 16 век во манастирот Свети Наум. Хартијата се изработувала за интерни потреби и во ограничени количини. Националната работилница за рачна изработка на хартија “Св.Климент Охридски” ја возобновува оваа традиција.. Значи на одреден начин преставува продолжеток на старата средновековна постапка,која води потекло од Кина од 2 век п.н.е.Оваа постапка од Кина е пренесена во Европа во 12 век во Барселона.Од таму преку Венеција и Дубровник се пренесува во Охрид.

Работилница започна со работа на 23.10.2002 год. Сместена е во прекрасен амбиент во старото градско јадро, веднаш до музејот, односно куќата на Робевци. Посебна чест ни преставува тоа што работилницата ја отвори лично покојниот Председател  на Република Македонија г-динот Борис Трајковски, кој го доби првиот изработен и отпечатен лист со портретот на Александар Македонски.